23 мај, 2024 г.
Со Регионалната средба на хортикултурните библиотеки, вчера, Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски “- Битола ја започна реализацијата на проектот „Хортикултурни библиотеки” за оваа 2024 година.

Во оваа мрежа на хортикултурни библиотеки членува и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и речиси три години активно го следи овој концепт.

На настанот во Битола присуствуваа нашите колеги – библиотекари: Бети Лазеска – Симоноска, Христина Трпеска, Коста Трифуноски и директорот на Библиотеката, м-р Милчо Јованоски.

Сите учесници заедно ги промовираа новите концепти и услуги на библиотеките, во средини каде библиотеките се препознаени како активен учесник во заедницата.

Носители на проектот од НУУ „Св Климент Охридски“ од Битола се колешките Јелена Петровска – библиотекар советник и програмски раководител и Ирена Колевска – библиотекар.

На настанот се обрати и директорот на битолската библиотека м-р Бојан Стефаноски.
НУ Библиотека – Охрид.












