Започна ревизијата на книжниот фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Започна ревизијата на книжниот фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 06 Nov 2023

6 ноември, 2023 г.

Минатата недела пробно а од денеска и официјално започна законската ревизија која се спроведува на секои пет години на целокупниот книжен фонд во НУ Библиотека „Григор Прличев“во Охрид. 

Во овој значаен зафат се’ до неговото завршување на стручен или друг начин ќе бидат вклучени сите вработени во Библиотеката.  Читателите и натаму нормално ќе можат да ги користат услугите на библиотеката.

За разлика од пред пет години кога ревизијата се правеше рачно и со запишување на секоја книга сега процесот е олеснет и побрз  и се одвива дигитално со помош на читачи но и натаму со задолжителното потпечативање на  книгите кои трајно влегуваат во COBISS системот.

Паралелно со ревизијата Библиотеката ќе се спроведе преуредување на сите одделенија за поголема прегледност на книгите и побрзо снаоѓање на читателите бидејќи скоро две години библиотеката е од отворен тип.

НУ Библиотека