BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

И во услови на криза рекорден буџет за НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Министерството за култура

февруари 9, 2023
in Актуелно
Министерството за култура одобри 19 проекти на НУ Библиотека „Григор Прличев“

9 февруари, 2023 г.

И во услови на криза – рекорден буџет за Библиотеката во поглед на прифатените проекти од Министерството за култура, велат оттаму.

По соопштувањето на резултатите од Годишниот конкурс за институциите од национален карактер од страна на Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, директорот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, Милчо Јованоски изрази задоволство од прифатените проекти и планираните средства кои за нивна реализација ќе ги одвои ресорното министерство за култура.

На конкурсот за 2023 година конкуриравме со 28 проекти претежно во областа на библиотечната дејност, набавката на нови книги но и во делот на издавачката програма, инвестициите и меѓународната соработка. Среќен сум што Комисиите составени од стручни лица во тие области прифатија дури 21 наш проект за кои ќе бидат издвоени на 1 500 000,00 денари. Тоа се средства кои се плус од финансиите кои Министерството ќе ги одвојува за нашата Установа за плати и материјални трошоци. Важно е да се нагласи дека и во време на економска криза и војната во Украина која се рефлектира индиректно и врз Буџетот во културата нашата Установа за годинава по Конкурсот добива најмногу средства за Проекти во последнава деценија ипол, вели директорот Јованоски.

Според него, освен за збогатување на книжниот фонд, за кој годинава ќе бидат издвоени 350 000,00 денари, Министерството, финансиски ќе помогне во делот на заштитата на оштетените стари раритетни книги по пат на конзервација и реставрација и создавање на услови за соодветен трезор во Библиотеката за нивно чување. Проектот тежи 300 000 денари и годинашните зафати ќе значат само почеток на овој долг процес.

Прв пат Библиотеката добива два проекти во делот на меѓународната соработка преку кои ќе биде претставено творештвото на големиот поет Григор Прличев.

Имено, Извршниот комитет на Меѓународната академија „Михаи Еминеску“ од Крајова во Романија кој меѓу своите основачи има двајца добитници на Нобелова награда, како единствена институција во Романија поканета од Кралската Шведска академија и Нобеловиот комитет да номинира кандидати за Нобеловата награда за литература, заедно со НУ Библиотека „Григор Прличев“ годинава ќе организираат едно издание од нивниот Светски поетски фестивал токму во Охрид. За оваа намена како поткрепа од министерството, библиотеката ќе добие 190 000,00 денари. Меѓу другото годинава ќе почне соработка помеѓу НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид и ЈУ Библиотека „Борисав Бора Станковиќ“ од Врање. Ќе следи потпишување на Меморандум за соработка, собирање искуства во областа на библиотекарството и запознавање на граѓаните со македонската и српската книжевност, вели Јованоски.

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска образложувајќи ги резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес истакна дека оваа година, според исходот од конкурсите, културата останува во духот на разновидноста, традицијата и националниот идентитет. Буџетот за поддршка на проекти во културата за оваа година изнесува 12,5 милиони евра.

НУ Библиотека

Посетеност: 163
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more
Next Post
Три актуелни книги сврзани со одржаните „Прличеви беседи 2023“ достапни за читателите во охридската Библиотека

Три актуелни книги сврзани со одржаните „Прличеви беседи 2023“ достапни за читателите во охридската Библиотека

Поврзани вести

Наградените ги подигнаа наградите за најдобри песни посветени на Прличев

Наградените ги подигнаа наградите за најдобри песни посветени на Прличев

март 26, 2021
И НУ Библиотека „Григор Прличев“ се вклучува во Годината на Конески

И НУ Библиотека „Григор Прличев“ се вклучува во Годината на Конески

април 21, 2021
Италијанскиот амбасадор Силвестри беше во посета на нашата Библиотека

Италијанскиот амбасадор Силвестри беше во посета на нашата Библиотека

август 5, 2022

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 163

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?