23 септември, 2022 г.
Долгогодишната соработка меѓу гимназијата „Св. Климент Охридски“ од Охрид и училиштето КСГ од Апелдорн продолжи и деновиве.
Од 14 до 21 септември во Охрид престојуваа 24 ученици и двајца професори од Холандија и повторно се дружеа со учениците од охридската гимназија. Во рамките на посетата, гостите имаа прилика да ги проверат стекнатите знаења за македонската азбука, да научат некој збор од македонскиот јазик и да стекнат претстава за начинот на живот во Македонија преку волонтерски активности во низа установи и компании.
Една од нив беше и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Кај нас волонтираа трите другарки и сокласнички Софи, Јулија и Дан и заедно со колегите беа запознаени со работата на нашата установа и патот на книгата од мигот кога новото издание ќе стигне во библиотеката преку обработката и одделот за зајмување. Нивната ангажираност и дружба со библиотекарите е најдобро илустрирана преку фотографиите.
Младите Холанѓанки ги почестивме со охридски ѓеврек и македонскиот специјалитет ајвар.
Ова беше ново заедничко искуство и за гостинките и за нас како домаќини. Библиотеката е отворена за вакви и слични соработки во иднина.
НУ Библиотека