BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Летна понуда – Саем на книгата и бесплатна отворена Библиотека за странците

јули 11, 2022
in Актуелно
Летна понуда – Саем на книгата и бесплатна отворена Библиотека за странците

11 јули, 2022 г. 

Отворена библиотека со странска и македонска литература за туристите и летен саем на книгата во ладовина се двата настани што ги реализира охридската библиотека „Григор Прличев“.

Летниот саем, како што информира директорот на установата Милчо Јованоски е од денес на терасата пред Библиотеката, каде љубителите на пишаниот збор до 22 овој месец, ќе можат да купат некој од насловите од едицијата „130 тома Македонска книжевност“ на македонски и англиски јазик, како и дела од едицијата „Ѕвездите на светската книжевност“ по пристапни цени.

Тоа се дела, кои на некој начин ја дават вистинската слика за македонската книжевна литература. Преведени се пред неколку години како проект на Министерството за култура и ќе бидат продавани по популарни цени, а ќе се продава и истата литература преведена на англиски јазик, преку што странците ќе можат да се запознаат со македонското творештво и автори, додаде Јованоски.

Отворената библиотека, појасни директорот, ќе им даде можност на туристите да земат книги на повеќе јазици, кои ќе бидат изложени на полици пред влезот на Библиотеката и откако ќе ги прочитаат да ги вратат повторно.

За прв пат ова лето во Охрид ќе биде отворено бесплатно книжевно катче, кое ќе функционира 24 часа. Трезорите на библиотеката се богати со странска литература особено на англиски и германски јазик, на јазиците на соседните држави и други светски јазици, кои гостите ќе можат да ги позајмат, но и да ги разменат со свои книги, истакна Јованоски.

Според него, тоа ќе биде ново искуство за турситите, што ќе им овозможи одморот да го поминат во дружба со книгата.

Се надеваме дека тоа ќе наиде на поширок интерес кај туристите. Оваа практика всушност е добро позната во странските летувалишта. Се надеваме дека на овој начин ќе ја збогатиме туристичката понуда во Охрид, што ќе овозможи комуникација меѓу туристите од различни земји, изјави Јованоски.

Во наредниот период најави дека ќе им предложи на хотелиерите да набават литература од македонски автори преведена на анлгисли јазик со што ќе ја зголемат својата понуда пред гостите, а на туристите ќе им овозможат да се вратат побогати со ново книжевно искуство од својот одмор.

НУ Библиотека

Посетеност: 164
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more

Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право одбрани најчитателите за 2024 година

by Admin
април 23, 2025
0
Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право одбрани најчитателите за 2024 година

23 април, 2025 г. На пригодна свеченост денеска во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид беше одбележан 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право. -Времето...

Read more
Next Post
Претставнички на Центарот за управување со промени и Националната Платформа за женско претприемништво во југозападниот плански регион  во посета на Библиотеката

Претставнички на Центарот за управување со промени и Националната Платформа за женско претприемништво во југозападниот плански регион во посета на Библиотеката

Поврзани вести

„Треба да читаме за да ѝ овозможиме на нашата душа да се насладува.“ Хенри Милер

март 19, 2021

Соба без книги е како тело без душа – Цицерон

мај 31, 2020
Конкурс за најдобра Новогодишна или Божикна порака инспирирана од светот на книгите.

Конкурс за најдобра Новогодишна или Божикна порака инспирирана од светот на книгите.

декември 27, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 164

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?