BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

Во нашата библиотека побарајте го „Време“ новиот роман од Славко Илоски

април 14, 2022
in Околу нас
Во нашата библиотека побарајте го „Време“ новиот роман од Славко Илоски

15 април, 2022 г. 

Младиот Славко Илоски е роден на 01.03.1999 во Струга. После завршувањето на средното училиште  реши да се надградува и да студира во Скопје. Славко покрај  студиите наоѓа време и за пишување. Твори константно, не се откажа од жарчето кое го тера да  издава дела. „Време“ е негов втор роман  и беше издаден три години после издавањето на првиот негов  романот “Бел демон”, промовиран своевремено и кај нас.  Славко на нашата библиотека и подари неколку примероци од романот „Време“ тие се обработени и можат да се зајмат на пултот за зајмување. 

Романот „Време“  ве носи на патување со вашите мисли, ве тера длабоко да размислувате за вашиот живот, одлуките кои сте ги донесле, постапките кои понекогаш ве гонат и не ви дозволуваат да заспиете доцна навечер. Во овој роман се опфатени многу теми, за реалноста на животот во Македонија, за проблемите со кои сите адолесценти односно студенти на наша возраст се соочуваат, за една огромна емоционална катарза во животот на главните ликови, Леа и Евгениј, ќе рече авторот.

Лесно читлива приказна, која навидум изгледа како приказна за студентскиот живот, другарствата, врските, семејните проблеми на една млада девојка, но во текот на читањето  читателот доаѓа до сознание дека се работи за многу повеќе од тоа. Се се променува со запознавањето на Евгениј и неговото постојано присуство во нејзиниот живот после тоа. Проблеми и необјасниви животни искуства, тага нанесена од болки кои главните ликови ги претрпуваат од суровоста на животот. Реалност и илузија. Сето ова е дел од романот кој на крај ве остава без збор, ве удира од земи со неочекуваното.

Леа и Евгениј се навидум нормална двојка, но ништо од нивниот прв судир не е нормално. Нивната приказна е посебна и расте до точка на кулминација со тајните кои Евгениј ги носи длабоко во себе, а не може да ги објасни на својата сакана, колку и да сака, некои нешта во неговиот живот се необјасниви и за самиот Евгениј. Колку навистина сме живееле, ако во текот на нашиот живот постојано сме мислеле и размислувале за секој наш потег, за секој наш чекор? Колку навистина сме живееле ако сме го поминале нашиот живот во самокритичност? Тоа е навистина добра тема за размислување која овој роман дефинитивно ќе ја поттикне кај секој читател.

Имате топла препорака да го прочитате романот “Време”, ќе ве поттикне да не дозволите никогаш да го губите времето, никогаш да не се трошите себеси за нешто што не ве исполнува, никогаш да не пропуштате нешто за да не можете да се каете во иднина, уживајте во времето, ваше е, направете го вредно и нахранете си ја душа со убавина и мигови кои се вредни вашето време.

Време. Тежок збор на кој ние луѓето не му даваме доволна тежина. А не можеме да го сопреме, животот тече. Евгениј ќе ве научи многу важна и поучна лекција, дека времето потрошено залудно може да е само идна болка која ќе ни ја оцрни душата. Гушнете ги саканите, вели авторот, зграпчете го моментот, бидејќи болката и бесцелниот живот може да ви го уништат истиот.

Леа и Евгениј, претставени низ зборовите на авторот, сме всушност сите ние, сите ние кои го живееме животот полни со недоволна страст и волја за него, полни со негатива, ние кои понекогаш го земаме здраво за готово и живееме од денес за утре. Славко и неговиот роман “Време” имаат прекрасна порака која ќе допре до сите. Толку силна порака ќе ја разбуди свеста на читателот и ќе го мотивира да го живее животот со големо ценење и почитување на тоа “Време” кое го имаме.

НУ Библиотека

Посетеност: 160
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more

Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

by Admin
април 22, 2025
0
Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

22 април, 2025 г. Вчера во Охрид на 75 годишна возраст почина новинарот и публицист  Илче Стојаноски, кој целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат...

Read more

„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

by Admin
април 10, 2025
0
„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

10 април, 2025 г.  -Со оваа книга авторот Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите. На тој начин ни открива нови...

Read more

Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

by Admin
април 7, 2025
0
Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

7 април, 2025 г.  На барање на ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани и директорката Валентина Рубаноска а во рамките на одбележувањето на Втори април – Светскиот ден...

Read more

Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи во април

by Admin
март 27, 2025
0
Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи во април

27 март, 2025 г. На  повикот на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ за учество на Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ закажан за 11 април во просториите на Библиотеката со...

Read more
Next Post
Со врачување на благодарници и книги се заокружува „Напиши стих – купи кафе““

Со врачување на благодарници и книги се заокружува „Напиши стих - купи кафе““

Поврзани вести

„Цркви во Охрид“ од академик Миќуновиќ водич низ сакралното богатство

„Цркви во Охрид“ од академик Миќуновиќ водич низ сакралното богатство

август 6, 2021
По повод 8 Март преку ЗУМ вклучете се во предавањето за три руски писателки

По повод 8 Март преку ЗУМ вклучете се во предавањето за три руски писателки

март 7, 2021

Читањето е најдобро учење – Пушкин

мај 31, 2020

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 160

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?