Деца изработуваа честитки за мајките во пресрет на 8 Март

Деца изработуваа честитки за мајките во пресрет на 8 Март

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 03 Mar 2022

3 март 2022 г. 

НУ Библиотека  „Григор Прличев“  во соработка со Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид  вчера организира креативна работилница за деца, посветена на празникот 8 Март на која ученици изработија честитки за мајките, сестрите и наставничките.

Во оваа заедничка дружба учествуваа ученици од петте паралеки од четврто одделение во ООУ „Христо Узунов“ од Охрид раководени од учителките: Весна Шопоска,Весна Коцарева, Соња Војдиноска, Татјана Буџакоска и Гордана Велјаноска.

Со нив беа и Елена Обухова претставничка од рускиот почесен конзулат и колешките Мариче Боздоганова и Елизабета Бојчевска.

НУ Библиотека