2 март, 2022 г.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид по подолго време со Изложба од нивното творештво ги одбележува родендените на роднокрајните автори родени во март.
Во постојаната наша активност значајно место зазема и одбележување на родендените на роднокрајните автори. Според архивата на Библиотеката во март родени се следниве творци: Славе Ѓорѓо Димоски,Маринела Јовановиќ, Тоде Илиевски, Мито Спасески, Благородна Буџак, Ана Цветаноска, Јане Велјаноски и Левко Андоновски.
Во Прличевата одаја од денеска секој работен ден до крајот на март во терминот од 9 до 14.30 часот можете да ја погледнете изложбата на дел од нивните дела кои љубоморно ги чуваме во Библиотеката. Се разбира и дека сите зачленети членови во секој миг кај нас можат да ги побараат речиси сите нивни дела кои на еден или друг начин оставиле посебна трага во културната меморија на Охрид.
НУ Библиотека