10 декември, 2021 г.
Кон крајот на јуни, годинава во Охрид беше промовирана книгата „Впечатоци за хуманоста“ од авторот Љупчо Милкоски и коавторот Миле Трпеноски во издание на Црвен крст – Охрид, а по повод јубилејот 75 години на постоење и работа на Црвен крст Охрид. Промотор беше проф. д-р Павле Митрески.
Црвениот крст од Охрид неодамна донира во НУ Библиотека „Григор Прличев“ кои се веќе обработени и достапни за зајмување за сите оние кои се заинтересирани за развојот на волонтерството кај нас.
Во книгата се изнесени документирани записи за впечатоци на посетители и гости на Црвениот крст Охрид во период од 1985 до 2000 година и опфат на 2004 година, каде се искажани искрени чувства за Охрид, Охридското Езеро и Македонија и лично кон коавторот Миле Трпеноски, но и хумани и мировни пораки и поддршка во извршување на хуманата мисија за заштита на човечкиот живот и достоинство и за помош на оние на кои им е најпотребна.
НУ Библиотека