16 јуни, 2021 г.
И оваа среда НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ви нуди девет нови наслови кои се надеваме ќе го привлечат вашето внимание и ќе ги зајмите.
Прегледот го започнуваме со авторот Тихомир Јанчовски и неговата книга „Пред некое време“во издание на Студентски сервис. Посебно ви ја препорачуваме збирката „Десетте најдобри раскази на светот“ во издание на Темплум, но и книгата „Црно – белиот бал на цвеќето на мирот“ од група автори во издание на неуморната Вера М Самарјанин.
Во седмичната понуда се и: „Ладалото на Леди Виндермир“ од Оскар Вајлд во издание на Перун артист и „Иван, Витезот со лавот“ од Кретјен де Троа во издание на НАМАПРЕС.
Следните четири наслови се од автори од новата македонска книжевна продукција. „Сонливите чекори кон утрото“ авторско издание од Сара Mарковска, „Поетот“ од Методи Манев – Македонска реч. „Дневник бр. 13 “ од Надица Караколева финансиски помогната од Министерството за култура и „Вокабуларис“ од Александра Мачковска во издание на ТЕМПЛУМ.
Потсетуваме дека годишната членарина за возрасни е 300 а за ученици 200 денари.
До 31 август пултот за издавање во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од понеделник до петок ќе е отворен од 8 и 30 до 16 часот.
НУ Библиотека