Втора среба преку Зум од проектот „За вкусовите се дискутира“

Втора среба преку Зум од проектот „За вкусовите се дискутира“

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 02 Jun 2021

2 јуни, 2021 г. 

Утре – четврток  од 20 часот  преку интернет платформата Зум НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Здружението  за промоција на култура, спорт и образование „Младински културно образовен центар Соната “ – Охрид ќе ја одржат  втората онлајн средба во рамки на проектот „За вкусовите се дискутира“.

Кликнете го линкот и утревечер вклучете се во работата на настанот на која и Вие ќе може да предложите Ваши омилени книги и да кажете зошто токму нив ги предлагате и другите да ги прочитаат.

Копирајте го линкот и утре во 20 часот активно вклучете се во онлајн  дружбата:

https://us04web.zoom.us/j/71603105781?pwd=Vk1zMUxZTkt6WThHRXVyU3EyclNEZz09

 

Преку овој своевиден Клуб на читатели  идејата е  во текот на една година да се популаризираат книги, автори и читањето меѓу младите, но и меѓу сите вљубеници во литературата,стои во Меморандумот потпишан од страна на Библиотеката и Здружението „Соната“.

НУ Библиотека