BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

„Светот и јас“ трета стихозбирка од Марина Икономова Шокева

мај 9, 2021
in Околу нас
„Светот и јас“ трета стихозбирка од Марина Икономова Шокева

9 мај,2021 г. 

Деновиве, од печат излезе стихозбирката „Светот и јас“ од Марина Икономова Шокева, во издание на ПНВ Публикации од Скопје.

Се работи за трета стихозбирка на Шокева, на која ѝ претходеа „Слики од бунарот“ (2017, Ѓурѓа) и „Директни обраќања“ (2019, ПНВ Публикации).

За новообјавената стихозбирка „Светот и јас“ Мерсиха Исмајлоска ќе рече: „Слично на Бодлер, и Шокева се игра со сензибилитетот на градот, кој во нејзиниот случај е Охрид, а таа го открива на неколку начини, во неколку нијанси, прикажувајќи едно негово помалку познато лице, што само најхрабрите можат да го сакаат. Како противтежа на градот е жената, онаа од нашата улица, онаа смелата. Шокева не се расфрла со феминистички концепти, напротив, таа ја покажува силата на секоја жена. Често таа сила е суптилна и нежна, но во исто време зрачи со некоја волчја одлучност и сигурност. Таков е, всушност, и односот на лирскиот субјект и светот. „Светот и јас“ не е нешто неодредено, тоа се дефинира преку стиховите во кои интимниот свет води дијалог со оној другиот. Така, лирското „јас“ вели дека „промените го вознемируваат“, оттаму и таа носталгија за нештата што се промениле, а нештата секогаш се менуваат… А, како и во случајов, носталгијата е една од најголемите поетски инспирации, таа се опева за да потсети дека лириката токму преку носталгијата станува певлива, запаметлива. Таа така и се менува. Сместена меѓу стиховите, како да ја губи својата моќ да натажува, таа добива моќ да вдахнува. Токму поради специфичниот однос кон носталгијата и ракописот на Марина Икономова Шокева е посебен.“

Изданието е поддржано од Министерството за култура.

Марина Икономова Шокева (Охрид, 1966) дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје.

Нејзини песни се објавени во неколку поетски алманаси и литературни печатени и електронски списанија во Македонија, во Србија, во Босна и Херцеговина и во Црна Гора: „Литературни искри“, „Бранувања“, „Стремеж“, „Современост“ „100 Илјади поети за промена“, „Поетски слем, Македонија“ (Македонија), потоа „Поезијата стенка“ и „Месопотамија“ (Србија), „Вавилонска библиотека“, како и во зборникот на фестивалот за кратка книжевна форма „Затон“ (2020, Црна Гора), „Човек-часопис“ (Хрватска), „Дуњалучар“ и „РегионЕле“ (БиХ), а на англиски јазик, нејзина песна е објавена на страницата на фестивалот „Ледбери поетри фестивал”.

Во 2019 г. на онлајн натпреварувањето во Италија “Quando e la vita ad invitare”, добила втора награда во странската конкуренција. Истата година добитник е и на специјалната награда „Антево слово“ во Сицилија, Италија. Учествувала на бројни поетски читања во земјава и во регионот.

НУ Библиотека

Посетеност: 210
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more

Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

by Admin
април 22, 2025
0
Почина Илче Стојаноски, новинар, публицист – роднокраен автор

22 април, 2025 г. Вчера во Охрид на 75 годишна возраст почина новинарот и публицист  Илче Стојаноски, кој целиот професионален работен век го помина во Центарот за печат...

Read more

„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

by Admin
април 10, 2025
0
„Аз,буки,веди – тајната на Словото од Григор Костески, дело инспирирано од словенската книжевна историја

10 април, 2025 г.  -Со оваа книга авторот Костески навлегува длабоко во суштината на писмените знаци, етимиологијата на зборовите, слоговите и буквите. На тој начин ни открива нови...

Read more

Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

by Admin
април 7, 2025
0
Помогнавме во средувањето на училишната библиотека и поделивме бесплатни членски карти во Пештани

7 април, 2025 г.  На барање на ООУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани и директорката Валентина Рубаноска а во рамките на одбележувањето на Втори април – Светскиот ден...

Read more

Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи во април

by Admin
март 27, 2025
0
Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ ќе се одржи во април

27 март, 2025 г. На  повикот на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ за учество на Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ закажан за 11 април во просториите на Библиотеката со...

Read more
Next Post

„Пишуваме за два пати да го вкусиме животот: во моментот и во ретроспектива.“ Анаис Нин

Поврзани вести

Обновен фондот со стари, добри лектири од македонски автори

Обновен фондот со стари, добри лектири од македонски автори

октомври 27, 2020
Се одржа општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

Се одржа општинскиот натпревар „Млади библиотекари“

октомври 25, 2021
Промоција на збирката раскази „Интимно со пандемијата“

Промоција на збирката раскази „Интимно со пандемијата“

април 14, 2021

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 210

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?