BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Актуелно

Денеска се навршуваат 41 година од смртта на Ванчо Николески

април 15, 2021
in Актуелно
Денеска се навршуваат 41 година од смртта на Ванчо Николески

15 април,2021 г

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и ООУ „Ванчо Николески“ од Лескоец заеднички ја одбележуваат четриесет и првата годишнина од смртта на големиот, македонски писател и поет за деца Ванчо Николески. Тој е основоположник на детската литература кај нас и даровит автор за кого и денеска се прераскажуваат безброј анегдоти.  

Кој е  всушност Ванчо Николески ?

Ванчо Николески е роден во 1912 во село Црвена Вода – Дебрца, Охридско, а почина во 1980 година во Охрид.  Основно училиште завршува во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. По завршувањето на учителска школа, тој учителствувал во многу села низ Македонија.

По ослободувањето на Македонија, Николески работел како новинар и уредник на весникот „Титов пионер“ и во детските емисии на Радио Скопје и Радио Битола. Соработувал и со Радио Охрид . Таму, во архивата на радиото останаа дузина приказни за деца напишани и раскажани со гласот на Ванчо.  Од 1950 година, тој бил член на Друштвото на писателите на Македонија.

Награди и признанија

За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои и наградите: „Климент Охридски“ и „Младо поколение“. Неговите дела се преведени на сите југословенски јазици, а тој самиот се занимавал со преведување од српски и од руски јазик.

Во негова чест, Друштвото на писателите на Македонија ја доделува наградата „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади.

Библиографија

„Македонче“ (прва збирка песни за деца на македонски јазик, 1946)
„Мице“ (поема, 1947)
„Школско ѕвонче“ (песни, 1947)
„Прва радост“ (песни, 1947)
„Бабино вретенце“ (песни, 1948)
„Крај огниште“ (песни, 1948)
„Дедови приказни“ (песни, 1950)
„Шарено торбиче“ (песни, 1950)
„Татковина“ (песни, 1950)
„Мое село“ (песни, 1950)
„Чуден свет“ (песни, 1952)
„Чудотворен кавал“ (раскази, 1952)
„Мојот ден“ (сликовница, 1952)
„Стани, Коле“ (песни, 1952)
„Братска дружба“ (приказни и бајки, 1953)
„Четиринаесет илјади ослепени“ (историска поема за времето на Цар Самоил, 1954)
„Приказни и бајки за деца“ (1955)
„Чудни случки“ (раскази, 1958)
„Цвета смета“ (сликовница, 1960)
„Волшебното самарче“ (роман, 1962)
„Приказни од моето село“ (раскази, 1964)
„Гоце Делчев“ (роман, 1964)
„Чуден дедо“ (песни, 1964)
„Под виорното знаме“ (роман, 1967)
„Приказни од волшебната куќичка“ (раскази, 1970)
„Малиот ловец“ (раскази, 1970)
„Станко спанко“ (песни, 1972)
„Ѕвездени вечери“ (песни, 1973)
„Рачко плачко“ (песни, 1973)
„Крвави години“ (хроника-роман)
„Жива книга“ (раскази, 1978)

Елена Ел Нади, директорката на училиштето  кое го чествува неговото име вели:  -Поведено од големината на делото на Ванчо Николески,уште во далечната 1995 година, тогашното раководство одлучува овој познат македонски писател за деца  да го назначи за патрон на нашето училиште.

Притоа, како значаен датум е земен  денот на издавањето на првата негова книга после војната,кога всушност е и Патронатот на нашето училиште.

Но тоа не значи дека неговото име не може да се споменува  и чествува  и во други значајни моменти од неговиот живот.

Сите ние растевме со романите,расказите,поемите и песните на Ванчо Николески. Верувам и кај вас  се стркала по некоја солза додека читавте, кога радоста на дедото и бабата одеднаш завршува  поради несреќата која го снашла   глувчето Мице и тие се осудени својата длабока старост да ја минат во пуста и тешка осаменост .

Или растеше возбудата,  кога Трајче со херојска храброст ја пренесуваше муницијата на бојната линија во борбата за татковината.

Читајќи го романот за Гоце Делчев ги впивавме мудрите мисли кажани од големиот син,револуционер,идеолог и водач на македонскиот народ.кој уште тогаш го разбирал светот како поле за културен натпревар меѓу народите.

Сигурно сте прочитале уште многу песни и раскази ,случки кои ве направиле да се чувствувате горди што писателот Ванчо Николески потекнува од нашиот крај и е патронот на нашето училиште.

Многумина можеби  со своето творештво ги поттикнал да ги следат неговите стапки и да творат дела кои ќе ги читаат многу идни генерации,дела преку кои ќе продолжат да живеат ваквите великани, вели  Елена Ел Нади, директорка на ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец.

Во чест на годишнината од смртта на Николески ви предаваме и три куси видеа подготвени од учениците: Евгенија Маркоска, Андреј Канатароски и Миа Танеска.

Нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ преку Проектот: „Звучна библиотека“ финансиран од Министерство за култура во 2016 година ја објави книгата „Гоце Делчев“ од Николески во аудио форма  Носител на проектот беше : Елена Долоска, Уредник на проектот: Милчо Јованоски Соработник – наратор: Сузана Стојкоска.

 

Ве потсетуваме на ова дело на големиот Ванчо Николески кое и денес е омилена лектира и меѓу сегашните генерации.

НУ Библиотека

 

Посетеност: 235
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

by Admin
мај 13, 2025
0
НУ Библиотека „Григор Прличев“ наскоро со нов визуелен идентитет

13 мај, 2025 г.  Типографот и графички дизајнер Ласко Џуровски деновиве ја посети НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид и пред вработените го презентира новиот предлог - визуелен...

Read more

Свечено одбележан 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 6, 2025
0
Свечено одбележан 5 Мај  – Денот на македонскиот јазик

6 мај, 2025 г.  Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека...

Read more

Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

by Admin
мај 3, 2025
0
Во понеделник свеченост по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

3 мај, 2025 г. По повод Денот на македонскиот јазик во понеделник на 5 мај од 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид организира пригодна свеченост. Премиерно...

Read more

Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

by Admin
мај 2, 2025
0
Промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II“ од Стефан Шорко

2 мај, 2025 г.     Во организација на Лајонс клубот „Деница“ и НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска беа промовирани книгите „Филозофска Револуција I и II “ од Стефан...

Read more

Наскоро нова поетско – прозна збирка „По стапките на Прличев“

by Admin
април 30, 2025
0
Годинава ќе реализираме 17 проекти со средства од Министерството за култура и туризам

30 април, 2025 г.  Во рамките на Проектот: „Трета годишна средба на роднокрајни автори НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид наскоро ќе го отпечати вториот поетско – прозен Алманах...

Read more
Next Post
Родени во април

Родени во април

Поврзани вести

Промовирана „Мисловно патешествие “ од Наде Ќосеска

Промовирана „Мисловно патешествие “ од Наде Ќосеска

декември 23, 2022
По повод патронатот нашата Библиотека бесплатно ќе зачлени ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“

По повод патронатот нашата Библиотека бесплатно ќе зачлени ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“

декември 6, 2024
Одново осветлена бистата на Прличев

Одново осветлена бистата на Прличев

ноември 4, 2024

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 235

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?