BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт
No Result
View All Result
BibliotekaOhrid
No Result
View All Result
Home Околу нас

На денешен ден, пред 112 г. починал преродебеникот Кузман Шапкарев од Охрид

март 18, 2021
in Околу нас
На денешен ден, пред 112 г. починал преродебеникот Кузман Шапкарев од Охрид

18 март, 2021 г. 

Кузман Анастасов Шапкарев е роден на 1 февруари 1834 година во Охрид, во семејство на бедни и неписмени родители.

Самиот тој за својот татко Анастас  ќе рече дека бил „прост и сиромав работник и сосема неписмен“.

Мајка му,  Марија Стрезова, била таа што ќе инсистира да го школува Кузмана, па дури со свој труд заработувала за да му обезбеди средства. Основното образование го стекнал кај вујко му, Јанаки Стрезов, со извесни прекини.

Кога од финансиски причини морал да го прекине школувањето го изучил кожарскиот занает. По неколку години макотрпно занаетствување, вујко му го зел под своја закрила и го носел со себе во местата каде учителствувал и на тој начин Кузман го довршил своето образование.

Средбата со Димитар Миладинов

Во 1953 година, во Битола за првпат се сретнал со Димитрија Миладинов, кој во тоа време дошол да учителствува во овој град. Но, вујкото и внукот не останале долго во Битола, се вратиле во Охрид и отвориле свое приватно училиште кое постигнало голем успех.

Во овој период, 1855 година, кај еден охридски учител, Кузман забележал српски буквар, го побарал и за само неколку дена научил да пишува и чита словенско кирилско писмо. До тогаш Кузман учел само на грчки и на тој јазик ги учел своите ученици.

Следната, 1856 година, Шапкарев отишол да учителствува во Струга, каде останал три години и се зближил со семејството Миладинови.

По стапките на Димитрија Миладинов, кому му станал зет, зашто Кузман се оженил со неговата ќерка Елисавета, почнал да го воведува мајчиниот јазик во наставата и да собира народни умотворби.

Кога браќата Миладинови ќе бидат затворени, Кузман безуспешно ќе се обиде да им помогне.

По нивната смрт, се засолнил од Охрид по добиените закани дека ќе заврши како браќата. Отишол да учителствува прво во Прилеп, а потоа во Кукуш.

Работа за Бугарската Егзархија

Шапкарев бил ангажиран од Бугарската Егзархија за развој на просветата на македонски терен додека учителствувал во Солун 1880/81 година. Тогаш бил под најсилно егзархиско-пропагандистичко влијание. Во Солун отворил две гимназии, машка и женска, но го убедиле да се откаже од учителската дејност и да се посвети на новинарството.

Во 1883 година испратен од Бугарската Егзархија заминал за Цариград, за таму да биде редактор на планиран бугарски весник. Но, весникот никогаш не почнал да се печати, а Шапкарев останал без работа.

Печатење на книгите

Во 1884 година заминал за Пловдив, каде следната година успеал да отпечати три книги, за обичајот русалии, за животот на браќата Миладинови и мал дел од своите обемни собрани материјали со народни умотворби од Македонија.

Следните години ќе се обидува и ќе моли, во Бугарија, Русија и Хрватска за финансиска помош за отпечатување на народните умотворби. Нема да ја добие.

На крајот, еден приватен печатар во Софија, без да бара аванс, ги отпечатил, книга по книга материјалите на Шапкарев.

Од 1900 година бил редовен член на Бугарското книжевно друштво (подоцна преименувано во Бугарска академија на науките/БАН).

Починал во Софија на 18 март 1909 година.

Во своите дела тој се нарекува и идентификува себеси како Бугарин.

Без разлика што чувствувал и како се декларирал по националност, тој е многу значаен за македонската литература како еден од најголемите собирачи на македонски народни умотворби.

Извор:https://makedonskijazik.mk/2019/03/%D0%BA%D1%83%D0%B7%D0%BC%D0%B0%D0%BD-%D1%88%D0%B0%D0%BF%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%B2.html

 

 

Посетеност: 248
Share30
Admin

Admin

Поврзани вести

ДРУГИТЕ ЗА НАС. horticulturna. biblioteka .org.mk ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ

by Admin
јуни 13, 2025
0
Во Охрид успешно реализиран проектот „Цветна библиотека“

ЦВЕTНА БИБЛИОТЕКА У ОХРИДУ У оквиру активности које су део промоције и развоја мреже хортикултурних библиотека, у Охриду је реализован пројекат из годишњег програма НУ Библиотеке „Глигор Прличев“...

Read more

Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

by Admin
јуни 10, 2025
0
Проектот: „Книгата најдобар другар на децата“

10 јуни, 2025 г.  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на Годишната програма за работа во текот на овој месец  ќе го спроведе Проектот: „Книгата најдобар...

Read more

Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански во Пула

by Admin
јуни 1, 2025
0
Поетите Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански  во Пула

1 јуни 2025 г. Деновиве нашите роднокрајни автори Мирко Томовски и Митре Мангоски – Радождански настапија на две меѓународни поетски манифестации во Пула – Хрватска. 14. издание на...

Read more

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

by Admin
мај 24, 2025
0
Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид и „Веселин Маслеша“ од Белград ја посетија Библиотеката

24 мај, 2025 г. ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид во рамките на својата меѓународна соработка со сродни училишта од Балканот деновиве е домаќин на ученици и наставници  од...

Read more

Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

by Admin
мај 19, 2025
0
Корисна посета и можност за идна сорабтока меѓу библиотеките од Охрид и Корча

19 мај, 2025г. Во рамките на Програмските активности во делот на меѓународната соработка деновиве  вработени во НУ Библиотека „Григор Прличев“  предводени од в.д. директорката на установата Христина Трпеска...

Read more
Next Post

„Треба да читаме за да ѝ овозможиме на нашата душа да се насладува.“ Хенри Милер

Поврзани вести

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со богата програма за Прличев

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со богата програма за Прличев

февруари 4, 2024
Спомен – бистата на Прличев на нова локација, непосредно до Библиотеката

Спомен – бистата на Прличев на нова локација, непосредно до Библиотеката

октомври 22, 2020
ИЦ Три донира книги во нашата Библиотека

ИЦ Три донира книги во нашата Библиотека

август 11, 2023

Категории

  • Актуелно
  • Без категорија
  • Библиографии
  • Видео записи
  • Зборници
  • Звучни записи
  • Каталози
  • Книги во издание на библиотеката
  • Книги чиј издавач е библиотеката
  • Нови книги
  • Огледало
  • Околу нас
  • Продажба на книги
Посетеност: 248

© 2024 bibliotekaohrid.mk

No Result
View All Result
  • Почетна
  • За библиотеката
  • За членовите
  • Информации од јавен карактер
    • Организациска поставеност
      • Директор
      • Управен одбор
      • Организациски единици
    • Програма
      • Компси
    • Архива
  • Контакт

© 2024 bibliotekaohrid.mk

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?