11 февруари, 2021 г.
Луѓето кои читат книги живеат повеќе животи во различни светови
Луѓето кои сакаат да читаат книги, поголема е веројатноста дека ќе се однесуваат на друштвено прифатлив начин во однос на оние кои преферираат да гледаат телевизија, покажа студијата на универзитетот Kingston во Лондон.
Нај емпатични се покажаа поединците кои најмногу уживаат слободното време да го поминуваат додека читаат драми и романтични теми, додека оние кои ја сакаат фикцијата имаат најпозитивно друштвено однесување.
На оние кои најдраги им се комедиите имаат најдобри резултати во односот со другите луѓе, а оние кои сакаат експериментални книги се покажале како одлучни во согледување на нештата од различна перспектива.
Некои од клучните карактеристики на луѓето кои сакаат да читаат:
Знаат квалитетно да го поминат времето
Книгата во рацете покажува дека некој знае квалитетно да го помине своето слободно време. Таквите луѓе со саати живеат во светот на ликовите од книгите и се среќни иако немаат друштво.
Се обидуваат да ги сфатат луѓето околу себе
Истражувањата покажале дека луѓето кои со задоволство читаат, особено фантастика, се обидуваат да сфатат што точно го навело некој лик на одредено однесување. Тоа несвесно го практикуваат и во животот.
Имаат подобри аналитички способности
Тоа е добро за секојдневното снаоѓање во животот. Луѓето кои читаат се подобри во согледување на одредени ситуации и пронаоѓање на подобро решение за проблемите.
Од нив можете многу да научите
Луѓето кои обожаваат да читаат се преполни со информации, знаат јасно и речито да објаснат што сакаат и се совршени за квизови.
Многу се љубопитни
Гладни се за животот и полни се со приказни и разни искуства. Со нив е многу интересно затоа што секогаш сакаат нешто ново и забаво.
Добро паметат детали
Ќе запаметат кој кога е роден, што сака а што не. Животот со луѓето кои често читаат е полесен затоа што се сеќаваат се што треба да купат за домот.
Тие се авантуристи
Луѓето кои читаат сакаат да искусуваат нови нешта во животот и се отворени кон нови можности и пробување на нешто ново, тие црпат инпсирација од своите омилени ликови и се отворени кон светот.