10 февруари, 2021 г.
Детската телевизиска серија „Зоки Поки“ е првата македонска серија и воопшто прва програма од овие простори која ќе се емитува на националната шведска телевизија, вели познатиот македопнски режисер Александар Поповски кој ја режираше и оваа серија.
Модерната екранизација на саканата детска книга на писателката Оливера Николова, со која имаат израснато многу генерации, е во продукција на „Кино око“, во копродукција со Македонската радио-телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. Десетте епизоди од првата сезона на ТВ-серијата премиерно се емитуваа на првата програма на МРТВ во периодот од мај до јуни 2020 година. Снимањето на втората сезона е сѐ уште во неизвесност.
НУ Библиотека