14 јануари, 2021 г.
Влеговме во Новата година и по православниот календар – но, подарувањето книги не е сврзано само со празниците, родендените или промоциите. Убаво е кога човек подарува или добива книга на подарок. Затоа следниов напис, прочитајте го внимателно. Веруваме ќе ви биде од корист.
НЕКОЛКУ СОВЕТИ КАКВА ПОСВЕТА ДА НАПИШЕТЕ!
Книга како подарок, покажува колку сте внимателни, уште да знаете каква посвета да напишете тоа би бил полн погодок.
Кога подарувате книга, најдобро е посветата да биде напишана во еден до два реда и да биде креативно до последната буква.
1.Страстен читател
Ако на лицето, на кое му подарувате книга е страстен читател, тогаш доволна е порака и тоа во еден ред:
За личноста ………., секогаш гладната за читање. (вашето име)
Уште една книга за вашата вредна колекција……… од —
Се надевам дека ви се допаѓа овој жанр……. од —
Прочитајте го ова, сигурен/а сум дека ќе ви се допадне….. од – – –
2.Просечен читател
Ако личноста на која му подарувате книга, не е страстен читател ( но сигурни сте дека книгата ќе побуди интерес), можете да ги употребите следните пораки:
На личноста која сака_______________, Од – –
Ти си првата личност на која помислив, кога ја видов оваа книга. „Се надевам ќе уживаш
додека ја читаш“.
Се надевам дека оваа книга ќе ја зголеми твојата љубов кон книгите…… од – – –
3.За сите типови читатели
Но, во двата случаеви, предлагаме , една универзална порака, која никако не е погрешна:
„Се надевам дека ќе уживаш читајќи го ова“
4.Посвета од авторот до читателите:
Се надевам дека ќе уживате во читањето исто колку што уживав додека ја пишував! Ви благодарам на поддршката!
Има многу убави и мудри мисли за „Книгата“, некои од нив можете без двоумење да ги искористите како порака:
- Порака до идниот сопственик на книгата: „Иднината толку многу ветува, така што минатото бледнее во споредба“
- Сите книги откриваат совршеност, тоа што се или тоа што не се.
- Уживајте со оваа книга додека пловите по непознати места.
- Оваа книга е збирка од соништа, мудрости и реалност. Среќно, кога ќе имаш време да ја прочиташ, запомни секогаш ќе бидам, покрај тебе, да патуваме заедно!
- Од моите полици со книги за тебе! Со љубов – – –
Појавата на интернетот и електронските книги, не смее целосно да го заземе местото на книгата.
Ако наидеме на човек од редок интелект, треба да го прашаме што книги чита.
Ralph Waldo Emerson
Мислам на животот како добра книга. Колку повеќе ќе влезете во него, толку повеќе почнува да има смисла.
Harold Kushner
Постојат многу малку начини за зголемување на светот на вашето дете. Љубовта кон книгите е најдоброто од сите.
Jacqueline Kennedy Onassis
Големите книги ви помагаат да разберете, и тие ви помагаат да се чувствувате разбрани.
John Green
Еден добар роман ни ја кажува вистината за нејзиниот херој, но лошиот роман ни ја кажува вистината за нејзиниот автор.
Gilbert K. Chesterton
Уживајте и вие во подарување книги и пишување на посвета,
Се најдобро!!!
Извор: www.tvb.mk
НУ Библиотека