Нови книги во нашата Библиотека

Нови книги во нашата Библиотека

Posted by Milco Jovanoski in Нови книги 30 Dec 2020

30 декември, 2020 г. 

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид годинава и покрај пандемијата од Ковид – 19 благодарение на  Министерството за култура кое одвои највисок буџет досега за набавка на нови книги  од недела во недела можевме и можеме драги читатели да ве израдуваме со бројни актуелни наслови. Така е и во овој претпоследен ден од декември и од оваа 2020 година.

Во  „новото нормално“  ви препорачуваме и во деновите на славење и празнување да одвоите време за читање. Тоа што не е можно во реалноста со книгите  е возможно, ќе  откриете нови светови.

Со честитка за среќна Нова година Ви презентираме уште девет нови наслови: „Тајни на летната ноќ“ од Лиса Клејпас – Сакам книги, „Суво мастило“ од Владимир Илиевски – Македоника литера, „Роман“ од циклусот „Луѓе од Милано“ од Моника Де Флор , „Идол на ѕидот“ Елена Филиповска – Сигма прес, „Без каење“ Хувер Колин , Сакам книги, „Песната на речните птици“ Лиса Вингејт – Сакам книги, „Поглед низ прозорецот“ од Никола Алтиев – Академски печат, „„Драма во ловот“ од Чехов – Мартина и „Црвена сестра“ од Мери Џулија Петеркин – НАМА Прес.

Среќна Нова 2021 од вработените во НУ Библиотека „Григор Прличев’ – Охрид.

НУ Библиотека