6 јули, 2020 г.
Метафора е јазично изразно средство на пренесување кога со називот на еден предмет или поим се именува друг поради сличност по некое обележје; воопшто, пренесно, сликовито изразување на некој поим.
Книгата содржи 74 приказни од животот за да се сетиме, да се прашаме до каде со нашата аздисаност и немањето време за себеси и за блиските?
Метафората е една од низата стилски средства. Таа е скратена споредба. Кај неа не се кажува што со што се споредува, туку се искажува само вториот член на споредбата. Метафора може да биде и замена на значењето на еден збор со значењето на друг.
Така граматичарите и лингвистите ја квалификувале.
А токму во ова време, невреме во кое живееме човек околу себе може да се изнагледа, изнаслуша и секако да прочита многу и меѓу редови и така буквално однесувања, дијалози, човечки драми, судбини во кои „живее“ метафората, а луѓето не се свесни за неа.
Живееме ли во свет кој е во потрага по метафори?
Дали токму оваа пандемија викана Ковид – 19 во чие присуство се „роди“ ова најново дело на почитуваниот Академик Миле Миќуновиќ кој ги собра во една целина приказните од животот и можеби е објавено само со една цел да се сетиме, да застанеме и како што застанавме – да се прашаме до каде со нашата аздисаност и немањето време за себеси и за блиските?
Академик Миќуновиќ не носи на изворот на мудроста и преку примерите на мудрите глави само ни покажува какви сме а какви треба да бидеме.
Не чекајте, „голтнете “ ги странците пред Вас
Дозволете, веќе ги гледам Вашите кисели насмевки, силните емоции, растреперените срца, по некоја солза …
Знам сфаќате – ете тоа е животот: полн илузии и мечти, емпатија, хедонизам. Ллудсот и страв и страст – се’ измешано.
Време е да се свртиме коон себеси и да им подариме љубов на сите околу нас и да бидиме подобри луѓе. И секако да создаваме дела. Само тие остануваат зад нас како спомен за нашето постоење.
Во Охрид , 17 април на Велики петок, два дена пред Велигден во време на невидливот непријател на човештвото Ковид -19
Знам, ќе го преживееме и ова а и по некоја година некој друг ќе собере нови метафори ( приказни од живвотот кои „дишат“ преку филозофските мисли), само да потсети дека животот продолжува и дека е УБАВ, стои во предговорот на книгата.
Издавач на „Метафора“ е НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.