Проф.д-р Марјан Ѓуровски од нашата Библиотека ја започна акцијата со подарување авторски книги од областа на безбедноста

Проф.д-р Марјан Ѓуровски од нашата Библиотека ја започна акцијата со подарување авторски книги од областа на безбедноста

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 01 Jun 2022

1 јуни,2022 г.

Од вчера НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е побогата со 5 наслови од стручна литература дело на универзитетскиот професорот Марјан Ѓуровски.

Универзитетскиот професор Ѓуровски до неодамна проректор на УКЛО, а сега професор на Филозофскиот факултет од Скопје од Охрид ја започна акцијата да подели бројна стручна универзитетска, авторска литература од областа на безбедноста и меѓународните односи во сите јавни и универзитетски библиотеки.

-Најважно е книгата да стигне до секој човек за да го зголемиме знаењето од областа на безбедносната култура, рече Ѓуровски при средбата со директорот на Библиотеката м-р Милчо Јованоски, објаснувајќи му ја целта на акцијата и посетата на Охрид.

На средбата се разговараше и за Охрид, библотекарството и идни можни проекти на НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид и Универзитетот УКЛО од Битола.

Книгите: Безбедноста и безбедносните закани на Република македонија, Безбедносни политики и концепти, Вовед во безбедноста, Индекс на безбедност II и Безбедносни ризици и закани – третман, феноменологија и мапирање, се обработени и се на полиците на библиотеката и сите заинтересирани членови можат да ги зајамат, вели директорт Јованоски.

НУ Библиотека