×

Преведи ја страницата

Програма и инвестиции 2014

Програма 2014

ПРОГРАМА 2014 одебрена и финансирана од Министерстовото за Култура на РМ
Реализирани проекти од областа библиотечна дејност:

Прличеви Беседи 2014

Промоција на CD издание за животот и делото на Прличев до објавувањето на поемата „Сердар“, Автор Александра Белевска техничка обработка Славчо Спростран.
Оддржување на традиционална охридска визита на која учествуваат истакнати личности од општествениот, политичкиот и културниот живот од Охрид и пошироко.

Збогатување на книжен фонд

Поради потребата од редовно комплетирање на книжниот фонд библиотеката ја следи редовната книжевна продукција и ги набавува потребните моногравски и сериски публикации. Со редовната набавка се задоволуваат потребите на корисниците на библиотеката со публикации од областа на белетристика, психологија, филозофија,информатика, историја на умеетност, стручна литература, лектирни изданија и се она што како најново издание го нудат издавачките куќи. Библиотеката го збогатува книжниот фонд и преку редовни донации од Владата на Република Македонија.

Заштита на движно културно наследство (библиотечни добра)

Библиотеката располага со богат книжен фонд од моногравски и периодични публикации за кои е неопходна перманентна заштита. Библиотечниот материјал треба да се сместува и чува во простор кој ги задоволува општите законски регулативи пропишани за јавни објекти и одредбите од минимум стандардите за јавни библиотеки во нашата земја. Со намера да ги задоволи пропишаните стандарди библиотеката секоја година, со финансиска помош на Министерството за Култура на РМ, набавува потребни средства односно абсорбери на влага, освежувачи на простор и други средства за дехидрација. Покарај тоа во сите простории во кои се сместени книги како библиотечен материјал, се наоѓаат клима уреди со кои се прочистува воздухот и се обезбедува негова циркулација.

Конзервација на ракопис Прохор-пчинско изборно евангелие

Исклучително стар ракопис од четврта четвртина на 14 век, сопственост на Охридската библиотека , кој заради неопходната потреба од реставрација се наоѓа во НУБ.

Автоматизација на библиотечни поцеси

Тоа е проект кој библиотеката го реализира во соработка со Националната и Универзитетска Библиотека Св. Климент Охридски, во рамки на програмата за стручно оспособување на библиотечниот кадар. Проектот подразбира дека сите луѓе кои во библиотеката вршат стручна дејност, обврзани се да помината одредени обуки, а истите тие се финансирани од Министерството за Култура на РМ.

Звучна библиотека

Проект реализиран за потребите на лицата со оштетен вид. Книгите “Пиреј“ од Петре М.Андреевски, “Пасквелија“ од Живко Чинго, и „Време на црвените рози“ од Видое Видически се пренесени на видео звук.

Со одлука на Владата на Република Македонија од 22.10.2013 година на НУ.библиотека “Григор Прличев“-Охрид и е доделен просторот во кој функционираше дирекцијата на НУ.фестивал Охридско Лето.

Инвестиции за 2014

1. Завршена е првата фаза од адаптацијата на просторот кој со одлука на Владата на РМ и е доделен на библиотеката. Во оваа фаза завршени се груби градежни работи, односно подополагачки и термоизолациони работи.Во целиот простор комплетно е санирана влагата.

Повеќе слики во галерија.

2. набавени се нови витрини изработени според најновите стандарди во библиотечното работење. Истите се монтирани во просториите во кои во моментов функционира библиотеката.

Повеќе слики во галерија.