×

Преведи ја страницата

Во Библиотеката, по поволна цена, пуштени се во слободна продажба публикации од капиталните едиции

24 јули 2015

Во следниот период НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе врши продажба на дела од капиталните едиции: „Ѕвезди на светската книжевност“, „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ дел од едицијата „Македонски искушенија“ како и изданија од едициите „130 тома македонска книжевност“ и „130 тома македонска книжевност на англиски јазик“.

Преку оваа продажба читателската публика може по многу прифатлива цена да ги набави публикациите од гореспоменатите едиции.

Просечна цена, на пример, на една книга од едицијата „130 тома македонска книжевност“ изнесува 157,00 денари, а на 10 месечни рати може да се отплаќа комплет од едициите.