×

Преведи ја страницата

Во понеделник ретка можност за средба со филозофот и астролог Зоран Крстевски

7 декември 2018

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид  во понеделник на 10 декември во 12 часот гостува познатиот македонски астролог и автор на 7 книги, Зоран Крстевски.

Во понеделник ретка можност за средба со филозофот и астролог Зоран Крстевски

Проф. д-р Зоран Крстевски ќе одржи предавање и подоцна ќе дискутира со присутните  на тема: „Како против негативната енергија и до воспоставување внатрешен мир?“

Предавањето е бесплатно и отворено за сите, а книгите на д-р Крстевски ќе може да се купат по намалени цени.