×

Преведи ја страницата

Во петок нашата библиотека ќе го одбележи денот на Св. Климент Охридски

4 декември, 2019 г. 

Нашата установа  на пригоден начин со свеченост ќе го одбележи 8 Декември – Патрониот празник на Охрид – Св. Климент Охридски. Свеченоста ќе се одржи во петок на 6 декември.  

foto za mediumi - sv kliment 2019

 

06 декември ( петок ) 12:00 ч.

НУ БИБЛИОТЕКА „Григор Прличев“ – Охрид

СВЕЧЕНОСТ ВО ЧЕСТ НА ПАТРОНОТ НА ОХРИД- СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

–           Пригодна реч за Св. Климент Охридски: проф. Татјана Дурнева

–           Фото презентација: „Св. Климент Охридски  и Охрид“

–           Изложба на книги посветени на словенската писменост:  „Од Светите браќа Кирил и Методиј до Св. Климент и Св. Наум Охридски“.

–         Промоција на трилогијата за Охрид ( книги со фотографии од градот од минатото до денес ) со осврт на последната: „Охрид, враќање во минатото“ од Академик Миле Миќуновиќ.

–         Прогласување на писателот Коста Фортомар од Охрид за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

–          Настап на ученици од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид