×

Преведи ја страницата

Во чест на денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

22 мај ,2019 

Утре – четврток 23 мај во пресрет на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во охридската библиотека од 13 и 30 часот ќе биде отворена изложба на литература посветена на животот и делото на просветителите.

133708316

Во истиот термин во соработка со Средното економско училиште „Св Кирил и Методиј“ од Охрид кое го слави патронот ученици од училиштето ќе читаат стихови и проза од и за просветителите.

Професорката по македонски јазик  од истото  училиште Марија Симјаноска ќе одржи предавање посветено на мисијата на солунските браќа  и нивното значење за нас и за целиот словенски свет.