×

Преведи ја страницата

Секој месец изложба на книги од Роднокрајни автори

29 јануари, 2020 г. 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја продолжува традицијата со изложби на книги од роднокрајни автори кои слават роденден.  

RODENI VO JANUARI

Јануари е богат со родендени и  во „Прличевата одаја“ веќе е поставен избор на дела од  славениците: Григор Прличев, Иван Точко, Видое Видически, Јован Котевски, Трајан Петровски, Славе Банар, Марија Младеновска и Димитар Димоски.

Заинтересираните изложбата ќе можат да ја посетат секој работен ден од 9 до 18 часот.