×

Преведи ја страницата

Промоција на книгата„Македонска разгледница“ од Џуклески

24 октомври, 2019 г. 

Утре, 25 октомври во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе биде промовирана книгата од областа на музиката „Македонска разгледница“ од проф. д-р Гоце Џуклески. Книгата содржи 31 мелографски записи на исто толку ора. 

kniga dzukle

Со промоцијата на книгата Џуклески истовремено одбележува 40 години од своето музичко творештво и присуство на естрадата.

Промотор на „Македонска разгледница“ ќе биде  композиторот и хармоникаш Сашо Ливрински, а ќе бидат прочитани и делови од рецензиите на  музиколозите Кирил Тодевски и Марко Коловски.

Настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја“ на библиотеката со почеток во 19 и 30 часот.