×

Преведи ја страницата

Продолжува посетата на Саемот на книги и библиотеката

9 ноември 2018

Во рамките на наставната програма на учениците од третите но и останатите одделенија им е зацртана посета на институцијата – Библиотека.

Така, континуирано од почетокот на овој месец во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид  доаѓаат групи ученици од основните училишта.

Вчера во посета на библиотеката и саемот на книги беа ученици од  ОУ „Св. Наум Охридски“ од Пештани и ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, како и ученици од ОУ „Св. Климент Охридски”.

Денеска самот го посетија и ученици од ОУ „Кочо Рацин“.

Последен ден на Саемот на книгата е утре (сабота), а работното време ќе биде од 10 до 14 часот.

НУ Библиотека „Григор Прличев” Саемот на книгата изминатава недела го организираше во соработка со издавачката куќа МАТИЦА МАКЕДОНСКА.