×

Преведи ја страницата

Пред НУ Библиотека „Григор Прличев“ богата програмска недела

12 август, 2019 г. 

Од денеска, понеделник  во нашата Читална е поставена изложба  на книги од Роднокрајните автори родени во август: Живко Чинго, Радослав Петкоски, Ангеле Грозданоски и Славе Николовски – Катин. 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре ќе го одбележи Светскиот ден на книгата

Утре, вторник директорката  на НУ Библиотека „Григор Прличев“  Гордана Змејковска ќе го посети на Семинарот за македонски јазик, литература и култура и на дел од учесниците  – посетители на лекторски вежби и преведувачкиот курс ќе им подари примероци од книги од македонски писатели и поети.

Во сабота на 17 август во 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде домаќин на  Поетскиот портрет на бугарската поетеса Поли Муканова која е гостин на 31 издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ поддржана и од Министерството за култура на РСМ.