×

Преведи ја страницата

По повод месецот на книгата НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид распишa ликовен и поетски конкурс на тема „Ја сакам книгата“

1 ноември 2017

По повод месецот на книгата НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид распишa ликовен и поетски конкурс на тема „Ја сакам книгата“. На истиот имаа право да учествуваат учениците од прво до деветто одделение од основните училишта на град Охрид и охридско. Нaградените творби се доделија на 01.11.2017 година во просториите на Библиотеката. Од вкупно пристигнатите творби комисијата се одлучи да додели три награди за поетска творба и три награди за ликовнa творба.

Најдобри поетски стихотворби имаа Ивона Ристеска од ΙΧ одд. од ОУ „Ванчо Николески“, Лескоец; Ана Марија Илијоска од IV одд. од ОУ„Братство Единство“, Охрид и Ева Тасевска VI одд. од ОУ„Свети Kлимент Охридски“, Охрид.

За најдобри ликовни творби беа избрани учениците Павел Стоев од III одд. од ОУ „Григор Прличев“, Охрид; Ниса Омерова од VI одд. од ОУ „Братство Единство“, Охрид и Тамара Јованоска од I одд. од ОУ„Ванчо Николески“ П.У. с. Косел.

Најдобрите ученици беа наградени со едногодишна бесплатна членарина, благодарница и книга.

Цртежите на учесниците се изложени во просториите на НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид.