×

Преведи ја страницата

Оваа недела: Изложба на книги – родени во март и креативна работлница за 8 Март

2 март, 2020 г. 

Од денеска 2 до 9 март во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е отворена за посета изложбата на книги од роднокрајни автори родени во март.

цвеке

Јавноста одново може да се запознае со творештвото на  Славе Ѓорѓо Димоски,Маринела Јовановиќ,  Тоде Илиески, Мито Спасески, Благородна Буџак,  Ана Цветаноска, Јане Велјаноски и Левко Андоновски.

Изложбата ќе е отворена секој работен ден од 8 и 30 до 18 часот.

Во  петок на 6 март во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената НУ Библиотека „Григор Прличев“ во  соработка со Почесниот конзулат на Руската федерација ќе одржи креативна работилница за деца.

Ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид – населба Даљан ќе изработуваат  честитки за мајките и сите останати од понежниот пол.