×

Преведи ја страницата

НУ Библиотека од денеска превентивно се затвора за читателите

12.03.2020 г.

Во согласност со  мерките за превентивна заштита од корона вирусот од денеска се затвора и НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од денеска превентивно се затвора за читателите

Во насока на спроведување на дополнителни заклучоци, мерки и препораки од 16-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид известува дека од денеска ќе го применува заклучокот број 12 на Владата во кој се вели:  Да се прекине со работата на библиотеките, студентските и ученичките домови на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 13 дена, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период.