×

Преведи ја страницата

НУ Библиотека “Григор Прличев“ – Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерациjа ќе одржи креативна работилница за деца, посветена на Новогодишните и Божиќните празници

26 декември 2017

На 27 декември во 12:00 часот во НУ Библиотека “Григор Прличев“ – Охрид во соработка со Почесниот конзулат на Руската Федерациjа ќе се одржи креативна работилница за деца, посветена на Новогодишните и Божиќните празници, на која децата ќе дознаат нешто ново за историјата на украсувањето на новогодишна елка во Русиjа и во светот и ќе изработат украси за елка и мали подароци за своите најмили.