×

Преведи ја страницата

НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид домаќин на ревијално поетско читање и дружба на автори од Македонија и Бугарија

8 октомври 2018

Бевме домаќини на Ревијално поетско читање и дружба на автори од Македонија и Бугарија

Во саботата нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беше домаќин  на Меѓународната хуманитарна поетска манифестација  „СО БОСОНОГАТА ПО ПАТОТ НА СВЕТЛИНАТА” организирана од поетесата и хуманитарец  Ружа Спасовска.

Под  мото : „Поетите, писателите и уметниците во хуманитарна мисија” посветена на корисниците и штитеници на Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско” – Струмица во нашата библиотека се одржа ревијално Поетско читање на членови на  Литературниот Клуб „Григор Прличев” од Охрид во присуство на гости – поети од Бугарија и нивни колеги од уште неколку градови од Македонија.

Поетите се дружеа и беседеа а дел од нив го збогатија нашиот книжевен фонд со свои дела – им благодариме.