×

Преведи ја страницата

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

26 април 2018

Национална установа Библиотека  „Григор Прличев“ – Охрид

ул. „Македонски просветители“ 2, 6000 Охрид, Република Македонија

Телефони: (централа) 046 262 064; (директор и факс) 046 264 838

www.bibliotekaohrid.mk e-mail: biblioteka_ohrid@yahoo.com

 

Врз основа на член 77-а, став 1, 2 и 5, член 77-б, член 77-в, став 1, член 77-г, член 77-д, член 77-ѓ од Законот за културата (Сл.весник на РМ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.весник на РМ бр.27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) член 22 и член 23 од Законот за работните односи (Сл.весник на РМ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/16), Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, како и начинот на бодување во зависност од категоријата и нивото на работно место за кое е објавен јавниот оглас бр. 01-171/2 од 18.04.2018 година, Правилникот за пополнување на работни места за даватели на јавни услуги и лица од помошно-технички кадар бр.01-172/2 од 18.04.2018 година на Библиотеката донесени согласно Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на Пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор (Сл.весник на РМ бр. 34/15), Согласноста од Министерството за финансии бр.18-3679/2 од 30.03.2018 година, НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 01/2018

за вработување на неопределено работно време 4 (четири) лица даватели на услуги и 1(едно) лице помошно-технички персонал

 

Националната установа „Григор Прличев“ – Охрид објавува оглас за вработување на 5 (пет) лица на следните позиции:

 

          I. 4 (четири) даватели на услуги

  1. КУЛ 03 04 Д03 001; Стручен соработник во заштита на културното наследство; билиотекар во стручна обработка ………………………………………..(1) еден извршител
  2. КУЛ 03 04 Д03 001; Стручен соработник во заштита на културното наследство; библи-отекар во обработка, позајмување и услуги на периодични публикации …..(1) еден извршител
  3. КУЛ 03 04 Д03 001; Стручен соработник во заштита на културното наследство; билиотекар во позајмување и услуги ……………………………………(2) два извршители

    II. 1 (едно) лице помошно-технички персонал
    1. КУЛ 04 01 Б03 001; Хигиеничар ………………………………..(1) еден извршител

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните:

Општи услови:

– да е полнолетен

– да има општа здравствена способност за работното место и

– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за работното место под реден бр. I. точка 1:

– 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од Наука за книжевноста, Библиотекарство и документација и Политички науки

– Работно искуство до 1(една) година работно искуство

Посебни услови за работното место под реден бр. I. точка 2:

– 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од Библиотекарство и документација, Наука за книжевноста и Политички науки

– Работно искуство до 1(една) година работно искуство

Посебни услови за работното место под реден бр. I. точка 3:

– 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од Образование, Наука за книжевноста и Туризам и угостителство

– Работно искуство до 1(една) година работно искуство

Посебни услови за работното место под реден бр. II. точка 1:

– Основно образование

Распоред на работно време за реден број I точка 1 и 2 и реден број II точка 1:

            – работни денови                                                     понеделник-петок

– работни часови неделно                                       40

– работно време                                                       од 8,30 до 16,30

Распоред на работно време за реден број I точка 3:

            – работни денови                                                     понеделник-петок

– работни часови неделно                                       40

– работно време – прва смена                                од 8,30 до 16,30 и

– работно време – втора смена                              од 11,00 до 19,00

Паричен нето износ на плата

– за реден број I точка 1, 2 и 3                                20.200,00 денари

– за реден број II точка 1                                          12.000,00 денари

 

Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид или на WEB-страната на Библиотеката www.bibliotekaohrid.mk .

Кандидатите кон пријавата треба да приложат во оригинал или заверени на нотар:

– Доказ за општа здравствена способност за работното место

– Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност

– Доказ за завршено образование

– Доказ за работно искуство

 

            Јавниот оглас трае 15 дена од денот на неговото објавување во дневниот печат.

Ненавремените и некомплетни Пријава и документи нема да се разгледуваат. Пријавата со комплетните документи кандидатите можат да ја достават директно во архивата на Библиотеката заклучно со последниот ден до 16,30 часот или по пошта во затворен плик со назнака „За оглас“ на адреса НУ – Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ул.Македонски просветители бр.2, 6000 Охрид.