×

Преведи ја страницата

Известување во врска со организирање на општинскиот натпревар “Млади библиотекари” 2016 година

05 октомври 2016

Општинскиот натпревар “Млади библиотекари” кој е во организација на НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид, годинава ќе се оддржи на 6 октомври во просториите на библиотеката со почеток во 10 часот.

Право на учество на општинскиот натпревар имаат учениците и членови на библиотеките од Основните училишта на општина Охрид.

Комисијата ги упатува заинтересираните ученици за учеството во натпреварот да го користат Прирачникот “Млади библиотекари” од Миле Бошески, според кој ќе се формулираат и прашањата.

Ве молиме најдоцна до 03.10.2016 година да не информирате за Вашето учество и бројот на натпреварувачите. Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите одговараат писмено за време од 1 час (60 мин.)

Победниците од овој натпревар се стекнуваат со право на учество на Републичкиот (државен) натпревар кој оваа година ќе се одржи во Велес.

За дополнителни информации обратете се во НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид на тел: 046/262-064, контакти со Гордана Змејковска, Мариче Боздоганова и Елизабета Бојчевска.