×

Преведи ја страницата

Библиотеката во посета на учениците од ОУ „Братство – Единство“ од Охрид

31 декември 2018

Најчесто учениците од основните и средните училишта организирано по разни поводи и промоции доаѓаат во посета на НУ Библиотека „Григор Прличев“ но предновогодишно, дел од колегите беа во посета на училиштето „Братство – Единство“ –  Лескајца.

Библиотеката во посета на учениците од ОУ „Братство – Единство“ од Охрид

Наши домаќини беа учениците од трето одделение заедно со нивните одделенски наставнички Елизабета Здравеска и Нада Буџакоска.

Во име на библиотеката нашите колеги за училишната библиотека им предадоа неколку нови наслови од детската литература, им приредија кусо литературно читање со поетски творби посветени на Дедо Мраз, зимата, снегот…

Но и децата возвратија со песнички и стихови и заедно го пречекавме Дедо Мраз во нивните училници кој им подари пригодни подароци.