×

Преведи ја страницата

„185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев“

15 март, 2019

Во понеделник на 18 март  НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно со Општина Охрид ќе одбележат: „185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев“

Kuzman_Shapkarev

Факти за животот и делото на Шапкарев  ќе изнесе  Татјана Дурнева, професор по македонски јазик и книжевност а на тема: „Журналистичката и публицистичка дејност на Кузман Шапкарев“ ќе беседи д-р Томе Груевски.

Извадоци од богатото творештво на Шапкарев ќе читаат учениците: Елена Кецкароска и Петар Лекоски.

Настанот ќе се одржи во понеделник – 12 часот во големата сала на општина Охрид.