×

Преведи ја страницата

НУ Библиотека „Григор Прличев“ ги отвори вратите за „Поетската ноќ во Велестово“

19 август, 2019г. 

 Во саботата во НУ библиотека „Григор Прличев“ во рамките на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ беше домаќин  на настанот „Поезија напладне“ посветен на творештвото на Поли Муканова од Бугарија. Модератор беше поетот  Зоран Јакимоски, а  гостуваше и познатиот бугарски писател Владимир Левчев, кој исто така се претстави со неколку свои песни.

poli

Поли Муканова е поетеса, преведувач и универзитетски професор. Родена е во Софија, 1980 г. Дипломирала бугарска филологија на софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ во 2004 година, а докторската дисертација по филозофија ја одбранила во 2013 година. Има објавувано и застапувана е во повеќе списанија и антологии во Бугарија и во странство.

poli 1 Како автор дебитира со стихозбирката „Мигови во кибритна кутија“ во 2009 година и тоа, најпрвин со нејзиното објавување на македонски јазик, а веднаш потоа и на бугарски. Во 2012 година излегува од печат нејзината прозна книга „Амор Фати: Фрагменти“.

mukanova
Во 2016 година ја објавува својата стихозбирка „Школките имаат два дела“ на бугарски и на македонски јазик. Во 2017 година го преведе романот „Годишни времиња“ од Јулијана Величковска од македонски на бугарски јазик.
Била учесник на повеќе меѓународни поетски фестивали, меѓу кои и „Караманови средби“ и на „Поетска ноќ во Велестово“. Уредник е на рубриката за поезија на сајтот „Трубадурски собор“.