Заедно со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележавме Светскиот ден на литертурата за деца

Заедно со ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележавме Светскиот ден на литертурата за деца

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 03 Apr 2024

3 април, 2024 г. 

Вчера заедно со  педесеттина децата на возраст меѓу пет и шест години од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – објект централна  предводени  од  воспитните тимови: Ружица Томоска, Габи Дејкоска; Зорка Димоска,Весе Блажеска, Катарина Довлева ги исклучивме компјутерите во Библиотеката и за миг, заедно со дечињата се најдовме во светот на книгата.

Така на еден убав и непосреден начин го одбележавме Втори април- Светскиот ден на литературата за деца, но и денот на шегата Први април.

На радоста им немаше крај. Низ полиците преполни со книги малите гостинчиња г и водеа колегите Весна Симоноска и Коста Трифуноски.

Посебна возбуда за нив претставуваше посетата на одделението со книги за нивна возраст. Бевме , токму на изворот меѓу бајките и приказните.

Втори април,  вусшност  е роденденот на Ханс Кристијан Андерсен  (1805-1875), прочуениот дански автор, познат по делата  „Грдото пајче“, „Малата сирена“, „Девојчето со кибритчиња“ и многу други.

Настанот го промовира Меѓународниот одбор за книжевност за деца, кој секоја година има посебна тема и порака.

Оваа година пораката стигнa  од далечната Јапонија, а насловот е „Преку морето на крилјата на фантазијата“, а авторка е Еико Кадоно, познатата јапонска писателка, добитничка на наградата „Х. К. Андресен“ за 2018 година. Ликовното решение на постерот е на популарната јапонска уметница Нана Фурија.

 

Преку морето на крилјата на фантазијата

 

Приказните патуваат носени на крилјата,

 

радосно наслушнувајќи го биењето на твоето срце.

 

Јас сум патувачка приказна. Летам насекаде.

 

На крилјата на ветрот, на крилјата на брановите,

 

или понекогаш на ситните крилја на песокта.

 

Се разбира, летам и на крилјата на птиците-преселници.

 

И на крилата на авионот.

 

Седам покрај тебе. Ги вртам страниците,

 

ти раскажувам приказна, онаа која сакаш да ја слушнеш.

 

Сакаш ли да чуеш необична и зачудувачка приказна?

 

Или тажна, или страшна, или смешна?

 

Ако во моментов не ти е до слушање, и тоа е в ред.

 

Но знам дека еден ден ќе посакаш приказна.

 

Кога тоа ќе се случи, само кажи:

 

„Патувачка приказно, дојди. Седни покрај мене!“

 

И јас ќе долетам.

 

Имам толку многу приказни за раскажување.

 

Што велиш за приказната за малиот остров на кого му здодеало да биде сам

 

и научил да плива за да замине и најде пријатели?

 

Или за приказната за таинствената ноќ во која се појавија две месечини.

 

Или онаа за загубениот Дедо Мраз.

 

Ох, слушам како срцето ти бие се’ посилно.

 

Чук-чук, туп-туп, бум-бум.

 

Патувачката приказна скокна во тебе и го забрза твоето срце.

 

И ти набргу ќе станеш приказна, ширејќи ги крилјата в лет.

 

И така се роди уште една патувачка приказна.

Читајте им на децата уште од најмала возраст. Не дозволувајте да пораснат само пред паметните телефони, таблетите, компјутерите… Ете, можете денес да го почнете заедничкото читање токму со песната на Еико. Тоа е најмалку што можете да направите за поквалитетна иднина на вашето дете.

Светска порака позјамена од https://herojnaedenden.mk/

НУ Библиотека