НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Григор Прличев добил Ловоров венец во Атина за поемата „Сердарот“

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Григор Прличев добил Ловоров венец во Атина за поемата „Сердарот“

Posted by Milco Jovanoski in Огледало 25 Mar 2024

25 март, 2024

На 25 март во 1860 година, пред 164 години на традиционалниот конкурс за поема, што се одржал во Атина, македонскиот поет Григор Прличев добил Ловоров венец за поемата „Сердарот“ и бил прогласен за втор Хомер.

Со поемата „Сердарот“, која ја напишал во своите студентски години и за која на поетски конкурс во Атина добил Ловоров венец, историски ја верификувал големината на својот поетски талнет. Ова поетско дело и до денешен ден, според многу елементи на епското пеење, се уште не е надминато.

Меѓу најпознатите остварувања на Прличев,покрај  „Сердарот е и поемата „Скендербег“, како и делото Автобиографија.

Прличев е роден во Охрид, на 30 јануари 1830 година. Починал на 6 февруари 1893 година во Охрид и останал еден од темелните македонски преродбеници и писатели од 19 век.

Денеска напладне за група ученици од ООУ „Григор Прличев“ од Охрид како потсетување на овенчувањето на Прличев во Атина со лавров венец во Прличевата одаја на нашата Библиотека ќе се одржи проекција на документарниот филм „Од животот на Прличев“ од авторот Милчо Јованоски. Тој всушност е приредувач на извадоци од неколку ТВ филма и автобиографски податоци на Прличев во една целина, приспособена токму за ученици од основните училишта. Документарецот за првпат беше прикажан во НУ Библиотека „Григор Прличев“ на манифестацијата „Прличеви беседи 2018 “.

Во чест на овој голем и значаен ден за македонската литература денеска Библиотеката на близу 120 ученици  од петто одделение од ООУ „Григор Прличев“ ќе им врачи бесплатни членски книшки во траење од една година.

НУ Библиотека