Стихови, кафе и ведри лица во чест на Светскиот ден на поезијата во нашата Библиотека

Стихови, кафе и ведри лица во чест на Светскиот ден на поезијата во нашата Библиотека

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 22 Mar 2024

22 март, 2024 г. 

Вчера во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ по петти пат во Охрид  се одржа манифестацијата: „Напиши стих – купи кафе“. 

Во нашата Прличева одаја во убав амбиент со тивка музика, хартии во боја  и секако кафе  на лаф муабет и со многу инспирација во себе дојдоа повеќемина роднокрајни автори, љубители на поезијата, почитувачи на книгите и Библиотеката, пречекани од колегите  библиотекари.

Настанот со своето присуство го испочитуваа и Весна Јованоска и Ива Николоска од Одделението за култура при општина Охрид  со кои разговаравме за идни заеднички настани со што би ја збогатиле културната понуда во градот, а сврзана со литературните дејци од минатото и сега.

 

Во посета ни  беше и професорката по македонски јазик и литература Марина Димовска од гимназијата „Св Климент Охридски“ со  нејзините ученици од втора година, со цел да напишат по некој стих но и да ја разгледаат библиотеката.

Со нас беше и екипата на ТВ Сител која за викенд емисијата Качамак ќе подготви репортажа од настанот.

Од напишаните стихови наша комисија ќе направи избор и наскоро на друг настан ќе ги прогласи најдобрите трojца автори и ќе ги награди со книги.

Важна е дружбата, креативноста и позитивната мисла.

 

НУ Библиотека