Започнаа подготовките за Регионалниот натпревар „Млади библиотекари 2023 “

Започнаа подготовките за Регионалниот натпревар „Млади библиотекари 2023 “

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 20 Mar 2024

20 март, 2024 г.

Библиотерското здружение на Македонија традиционално и годинава ќе го организира 23-от Републички натпревар „Млади библиотекари“. Регионалниот  натпревар ќе се одржи на 15.04.2023 год. во просториите на Библиотеката во Охрид, со почеток во 10 часот.

Право на учество на натпреварот имаат членовите на библиотеките на Основните училишта и членовите на НУ-Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Дебрца до 14 годишна возраст.

За подготовка учесниците на натпреварот треба да користат: Прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“, во издание на Библиотерското здружение на Македонија според кој се формираат и прашањата.

Прашалникот ќе се состои од 20 прашања на кои натпреварувачите писмено ќе одговараат за време од еден час (60 минути). Натпреварувачите се потпишуваат со шифра.

Победникот  од натпреварот се стекнува со право на учество на Републичкиот натпревар, кој оваа година ќе се одржи во библиотеката „Тане Георгиевски “ во Куманово на 21.05.2024 година.

Ве молиме најдоцна до 10.04.2023 година да не информирате за Вашето учество и бројот на натпреварувачите од Вашето училиште.

За какви било  информации обратете се во НУ-Библиотека „Григор Прличев“ Охрид или на  046/ 264-838.

НУ Библиотека