Библиотекарки од Полска заедно со домаќините од Тетово беа во Охрид

Библиотекарки од Полска заедно со домаќините од Тетово беа во Охрид

Posted by Milco Jovanoski in Околу нас 15 Mar 2024

15 март, 2024 г. 

Деновиве во посета на нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид беа колешки од НУ Библиотека „Кочо Рацин“ од Тетово заедно со нивните гостинки и колешки од Градската библиотека од Гдиниа од Полска.

Библиотекарките Богуслава Јасек и Катаржина Крол во Тетово дојдоа преку програмата Еразмус + а Гдиниа, се наоѓа во близина на Балтичко Море.


Придружувани од колешките од Тетово, Елизабета Трпеческа – Петрушевска и Габриела Ристоска тие го посетија Охрид и беа пречекани од Милчо Јованоски, директор на нашата установа.

Тој ги запозна со сите колеги како и со работата на нашата Библиотека, историјата, фондот на книги, моменталните преокупации и идеите за иден развој.


Гостинките во организација на Библиотеката го посетија Музејот сместен во куќата на Робевци, а во кусата еднодневна посета на Охрид успеаа да ги видат: црквата Св. Софија, Амфитеатарот, Плаошник, црквата Св. Јован – Канео и старата охридска чаршија.


НУ Библиотека