Ученици од ОЕМУЦ „Св,. Наум Охридски“ во посета на нашата Библиотека

Ученици од ОЕМУЦ „Св,. Наум Охридски“ во посета на нашата Библиотека

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 14 Mar 2024

14 март, 2024 г. 

Во периодот од 11.3.2024 до 14.3.2024 г. учениците од трета година (III -1, 2, 3, 4 и 5) од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, заедно со професорката по македонски јазик и литература – Ирена Ралева-Најдевска ја посетија спомен-куќата на Христо Узунов каде што имаа можност да се запознаат со историчарот Горан Митрески, вработен во Завод и Музеј – Охрид, кој на учениците им одржа кратко предавање за Солунските атентатори познати под името Гемиџии со посебен акцент на Гемиџијата Марко Бошнаков, нашиот охриѓанец, кој го дал својот живот за татковината.

Откако завршија со посетата на спомен-куќата, учениците и професорката се упатија во просториите на НУБ „Григор Прличев“ и во Прличевата одаја го обработија романот „Пустина“ на Ѓорѓи Абаџиев, во кој станува збор токму за двајцата преживеани Гемиџии.

Овој историско-психолошки роман на Абаџиев говори за саможртвата на Македонецот во обидот за ослободување од тиранијата, притоа, нанесувајќи огромни штети по капиталот на Османлиите.


Голема благодарност до сите вработени во спомен-куќата на Христо Узунов и до вработение во НУ  библиотека за можноста овој час да биде реализиран на поинаков начин надвор од училишните клупи.

Благодарност до библиотекарката Бети Лазеска-Симоноска, за исцрпната анализа на романот, пишува во својот допис на социјалните мрежи и до нашата Библиотека професорката Ралева – Најдевска.

НУ Библиотека