Утре напладне промоција на стихозбирката „Сон“ од Зора Златева

Утре напладне промоција на стихозбирката „Сон“ од Зора Златева

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 07 Mar 2024

7 март, 2024 г. 

Во чест на 8 Март – Меѓународниот ден на жената утре – петок во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирана новата стихозбирка од поетесата Зора Златева од Охрид.

-Сон, јаве, фантазија и реалност „живеат“ заедно меѓу кориците од оваа стихозбирка. Авторката Зора Златева умешно во педесетината песни како сликар платното го бои со зборови со многу емоции и испомешани чувства. Таа е господар на ситуацијата и несомнено личните а и замислени доживувања најсуптилно ги реди во стихови од кои напати извира немоќ, напати сила невидена и на почеток и крај гордост што е една, единствена и посебна, вели во рецензијата на книгата м-р Милчо Јованоски, кој утре ќе биде и во улога на нејзин промотор.

Стихови од збирката ќе читаат ученици од библиотекарско – рецитаторската секција од СОСУ „Св Кирил и Методиј“ од Охрид

Настанот ќе го збогатат младите надежни музичари ООМУ „Методи Патче“ а специјална осмомартовска видео порака со грст стихови и песна до присутните ќе испратат учениците од трето одделение од ООУ „Братство – Единство“ Лескајца заедно со нивните наставнички Елизабета Здравеска и Нада Буџакоска.

НУ Библиотека