Изложба на дела од роднокрајни автори родени во март

Изложба на дела од роднокрајни автори родени во март

Posted by Milco Jovanoski in Огледало 07 Mar 2024
7 март, 2024 г. 
Не ги забораваме родендените на роднокрајните автори родени во март.

Во  нашата секојдневна активност значајно место зазема и одбележување на родендените на роднокрајните автори.  Според архивата на Библиотеката во март родени се следниве творци: Славе Ѓорѓо Димоски,Маринела Јовановиќ,  Тоде Илиевски, Мито Спасески, Благородна Буџак,  Ана Цветаноска, Јане Велјаноски и Левко Андоновски.

На  најфреквентното место во Библиотеката до пултот за зајмување  до крајот на месецот секој работен ден од 8 и 30  до 18 и 30 часот  можете да ја погледнете изложбата на дел од нивните дела кои љубоморно ги чуваме во Библиотеката.

Се разбира и дека можете да ги побарате и да ги прочитате  речиси сите нивни дела кои на еден или друг начин оставиле посебна трага во културната меморија на Охрид.

НУ Библиотека