Поради ревизија на книжниот фонд книгите во Библиотеката ќе се издаваат само на шалтер

Поради ревизија на книжниот фонд книгите во Библиотеката ќе се издаваат само на шалтер

Posted by Milco Jovanoski in Огледало 23 Feb 2024

23 февруари, 2024 г. 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид во изминативе два месеци ја спроведува редовната ревизија на целиот книжен фонд, која според закон се прави на секои пет години. 

Вработените во Библиотеката за рекордно време стигнаа до завршната фаза во која следи ревизијата на одделот за возрасни кој всушност е и најбогат и најобемен во простор.

За полесно и побрзо завршување на ревизијата информираме дека од понеделник 26 февруари Библиотеката и натаму ќе биде отворена за читателите во истиот термин од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 но читателите не ќе можат сами да влегуваат во отворената библиотека и да одбираат книги , туку извесен период ќе бидат услужувани само на шалтерот за зајмување книги.

Ви благодариме за разбирањето.

НУ Библиотека