Утре промоција на стихозбирката „Нотирана поезија“ од Петар Нечовски

Утре промоција на стихозбирката „Нотирана поезија“ од Петар Нечовски

Posted by Milco Jovanoski in Актуелно 22 Feb 2024

22 февруари, 2024 г.

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре – петок во 12 часот познатиот македонски естраден уметник Петар Нечовски ќе ја промовира својата прва стихозбирка под наслов „Нотирана поезија“.

Во стиховите на Нечовски доминира љубовта како универзално човечко и поетско чувство. Книгата е поделена на три циклус: Песни посветени на љубовта, песни во кои е опеана љубовта кон родната земја и песни со љубов кон семејството.

Песните во стих напишани од грло испеани се плод на близу педесетгодишната плодна естрадна кариера на Петар Нечовски обележана со низа фестивалски награди и турнеи низ светот.

-Уживајте во оваа колекција на отпеана поезија , текстови инспирирани од различни периоди во мојата богата интерпретаторска кариера ќе напише Нечовски во книгата.

Промотор на стихозбирката ќе биде – рецензентот проф. д-р Менде Солунчевски од Битола. Издавач е „Ирис“ од Струга а корицата ја изработи синот на Петар, Благој Нечовски кој живее во САД.

НУ Библиотека