Бевме присутни и на „Стихови и звуци“во родната куќа на Прличев

Бевме присутни и на „Стихови и звуци“во родната куќа на Прличев

Posted by Milco Jovanoski in Огледало 07 Feb 2024

6 февруари, 2024 г. 

Со уметничкиот перфоманс „Стихови и звуци за Прличев“, денес во спомен куќата која го носи неговото име, продолжија свеченостите за македонскиот и охридски великан Григор Прличев. Настанот започна со познатата „1762 лето“ во изведба на групата „Св.Софија“ и вокалистите Митко Колушевски и Венко Пашовски.

Во името на локалната самоуправа, пред присутните се обрати заменик градоначалникот Перчо Божиновски.Тој рече: – За нас Григор Прличев, бил и ќе остане не само врвна книжевна преродбеничка фигура, туку и човек кој кај охриѓани ја будел надежта и уверувањето за важноста на образованието, богатството на духовната историја, националното будење и културното самоидентификување.Во тој дух се и идеите на  „ Сердарот“ и „Скендербег“  поврзани со борбата за народна слобода и заштита на сиромашните, гладните и унесреќените.

Како локална самоуправа која води исклучителна грижа за нашите историски и културни вредности, ја продолжуваме акцијата за печатење на книги со Брајово писмо. Годинава ќе доделиме два примероци на книгата “Гоце Делчев“ од Ванчо Николески, на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Здружението на слепи лица од Охрид, рече Божиноски.

Книгите наменети за нашата Библиотека му беа врачени на директорот Милчо Јованоски а Библиотеката доби четири примероци од најновото – промовирано дело на Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски „Охридски поети“.

Пред присутните беа прочитени и првонаградените литературни творби на ученичките Матеја Колеска и Ивана Митре од распишаниот конкурс во ООУ „ Григор Прличев“ .

НУ Библиотека